Петиција за креирање на годишен буџет од страна на Фондот за здравство за финансиска поддршка на сите оние кои итно имаат потреба од оперативен зафат, терапија или лекување
- Target:
- Ministry of health in North Macedonia
- Region:
- Macedonia, Republic of
Целта на петицијата е да се обезбеди годишен буџет од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравство за финансиска поддршка на сите оние кои итно имаат потреба од лекување, оперирање и терапија без разлика дали во државата или странство.
Со оваа петиција би сакал да ги повикам сите оние кои некогаш донирале, имале некој близок, пријател или познаник на кој му требала итна помош, сите оние кои учествувале во било каква хуманитарна акција, организирале хуманитарна акција, сите оние кои некогаш имале проблем да набават лекови, сите оние со дијабетес кои некогаш биле без инсулин, сите оние кои мислат дека Здравствениот систем во државава треба да се промени за 360 степени, сите оние кои себеси се сметаат за луѓе. Придонесете да вашиот глас биде слушнат.
Ние младите, бараме од Министерството за Здравство и Фондот за Здравство на Република Северна Македонија да се обезбеди фонд на средства кој ќе служи исклучиво за финансиска помош на лица кои итно имаат потреба од било каков вид на медицинска помош, а немаат можност за истата.
Можеби желбата за промена на пол е нешто за кое може да се бира, но желбата да се живее е поголема од сите нас и бара поддршка од сите нас. Да допринесеме сите за спасување на нечиј живот, да бидеме луѓе.
You can further help this campaign by sponsoring it
The Петиција за креирање на годишен буџет од страна на Фондот за здравство за финансиска поддршка на сите оние кои итно имаат потреба од оперативен зафат, терапија или лекување petition to Ministry of health in North Macedonia was written by Mihail Divjakoski and is in the category Health at GoPetition.