#Environment
Target:
Влада на РСМ, МВР, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Инспекциски совет
Region:
Macedonia, Republic of

Сите жители на Струга и околните села сме сведоци на пустошот кој последниве години ѝ се случува на планината Јабланица и соголувањето на нејзините богати шуми пред нашите очи.
Камиони натоварени со нелагално насечени дрвја се секојдневна глетка на селските патишта во Октиси, Вишни, Лабуништа, Белица, Бороец... Штетите од дејствијата на шумската мафија се огромни: ерозија на земјиштето, поплави, загаден воздух, осиромашување на животинскиот и растителниот свет, уништување на асфалтираните патишта, нарушување на стопанскиот систем.
Затоа, да се обединиме и да побараме од институциите чија должност и работна задача е заштита на шумите да преземат конкретни чекори!
Да реагираме пред да биде предоцна, потпиши се!

Сите ние долупотпишани со цел зачувување на шумското богатсво на Јабланица и борба со шумската мафија бараме:

1. Зголемување на човечкиот и техничкиот капацитет на институциите кои се должни да вршат надзор и заштита шумите на Јабланица
2. Отчетност и одговорност од шумската полиција, инспекторатите и МВР за (не)сработеното
3. Поголема координација помеѓу овие институции за спречување на дивата сеча
4. Доследна примена на законите и поостри казни за сторителите на еколошки криминал

The petition is part of the “Support to Electoral Reforms” project of the Swiss Embassy/Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC), implemented by IFES and NYCM. The views, opinions and the content expressed do not necessarily reflect the ones of the donor, the project or the implementers. Петицијата е дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“на Швајцарската амбасада/Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од ИФЕС и НМСМ. Искажаните ставови, мислења и содржини не ги отсликуваат ставовите и мислењата на донаторот, проектот или имплементаторите.

GoPetition respects your privacy.

The Ѝ требаш на Јабланица! petition to Влада на РСМ, МВР, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Инспекциски совет was written by Lejla Kadrieska and is in the category Environment at GoPetition.