ПОГОЛЕМИ ПРАВА ЗА ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ ВО СКОПЈЕ
- Target:
- animals; dogs; animal lovers; parks; park for dogs; Skopje; Macedonia; City of Skopje; Macedonia
- Region:
- Macedonia, Republic of
- Website:
- www.anima-mundi.org.mk
ПЕТИЦИЈА ЗА ОДДРЖУВАЊЕ И ИЗГРАДБА НА ПАРКОВИ ЗА МИЛЕНИЦИ ВО СКОПЈЕ
Ова е петиција од името на сопствениците на домашни миленици од Општина Аеродром, Општина Центар, Општина Карпош и останатите општини во Град Скопје за изградба на парк за миленици во Општина Аеродром и Општина Центар и оддржување на единствените паркови за миленици во Населбата Козле (на улица Т. Гологанов) и во Градскиот Парк.
1. ПАРК ЗА МИЛЕНИЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Паркот за миленици кој се наоѓа во Градскиот Парк на Град Скопје околу четири години односно од самото отворање не е оддржуван и реновиран. Во најавата за отворањето на паркот на следниот линк: http://kajgana.com/otvoren-parkot-za-domashni-milenici-vo-skopje ,
е најавено дека:
"во внатрешноста на паркот има чешма од која ќе можат да пијат вода миленичињата, поставени се и клупи за одмoрање на сопствениците на миленичињата и три специјализирани канти со ролна со големи и мали кеси за собирање на изметот од кучињата."
Би сакале да пријавиме дека:
- цевката кај чешмата за вода е распукана и постојано тече вода од страните,
- повеќето клупи за одморање се искршени од несовесни граѓани,
- од трите специјализирани канти со ролна со големи и мали кеси за собирање на измет од кучињата останати се само три обични скршени канти и без никакви кеси кои беа поставени еднократно на самото отворање на паркот
2. ПАРК ЗА МИЛЕНИЦИ ВО НАСЕЛБА КОЗЛЕ НА УЛ. Т. ГОЛОГАНОВ
Паркот за миленици кој се наоѓа на ул. Т. Гологанов околу три и половина години односно од самото отворање не е оддржуван и реновиран освен реконструкцијата која ја изврши "Паркови и Зеленило - Скопје" пред 5 месеци, а во најавата за реконструкција на паркот на следниот линк: https://goo.gl/LK5UN4
е најавено дека:
"Во Паркот за миленици деновиве екипите на ЈП“Паркови и зеленило„ извршија реконструкција на веќе постоечката опрема за рекреација на миленици.Со вкупно 24м3 се изврши промена на старата, со нова бела ризла, а се изврши и бојадисување-премачкување на реквизитите од дрво со соодветна боја за заштита."
Би сакале да пријавиме дека:
- цевката кај чешмата за вода е распукана и постојано тече вода од страните,
- од трите специјализирани канти со ролна со големи и мали кеси за собирање на измет од кучињата останати се само три обични скршени канти и без никакви кеси кои беа поставени еднократно на самото отворање на паркот
- нема поставено ниту една клупа за одморање
- опремата за рекреација на милениците е повеќе од 70 проценти уништена, а од самите даски излегуваат зарѓани шајки кои можат да повредат или трајно оштетат некое милениче или некој човек, а одговорност ќе се бара од Град Скопје
3. ИЗГРАДБА НА ПАРК ЗА МИЛЕНИЦИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ И ОПШТИНА ЦЕНТАР
Сакаме да ве известиме дека бројката на домашни миленици во Општина Аеродром и Општина Центар е огромна и постојано расте. Поради високите казни и глоби кои повеќето од нас ги имаме платено за несоодветна прошетка на куче (без маска или висечка маска и пуштање на милениците од ланец во локалните зелени површини или паркови), секојдневното сме приморани да ги носиме нашите миленици до најблискиот заграден парк за миленици, а нашиот избор е лимитиран (парк во Козле, парк во Градски Парк).
Исто така направивме истражување и се информиравме за пописите и популацијата на кучиња во Град Скопје, а бројките се следни: (ова е неофицијална информација, се претпоставува дека бројката на нерегистрирани кучиња е многу поголема)
- повеќе од 14000 регистрирани кучиња / со педигре или родовник
- повеќе од 20000 нерегистрирани кучиња / без педигре или родовник
(извор: Кинолошки Сојуз на Македонија, Агенција за храна и ветеринарство)
АПЕЛИРАМЕ до Советот на Град Скопје, градоначалникот на Град Скопје, советот на општините Аеродром, Центар и Карпош и градоначалниците на овие општини да се спроведе систем за неделно одржување на веќе постоечките паркови за миленици и да се изгради нов парк за миленици во Општина Аеродром и Општина Центар.
Петиција за:
- изградба на нови паркови за миленици во Општина Аеродром и Општина Центар
- спроведување на систем за неделно оддржување на веќе постоечките паркови за миленици.
You can further help this campaign by sponsoring it
The ПОГОЛЕМИ ПРАВА ЗА ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ ВО СКОПЈЕ petition to animals; dogs; animal lovers; parks; park for dogs; Skopje; Macedonia; City of Skopje; Macedonia was written by ПЕТИЦИЈА ЗА ОДДРЖУВАЊЕ И ИЗГРАДБА НА ПАРКОВИ ЗА МИЛЕНИЦИ ВО СКОПЈЕ and is in the category Animal Rights at GoPetition.