#Employment
Target:
detstvo@detstvo.org.mk
Region:
Macedonia, Republic of
Website:
www.jhrmk.org

Во член 5 од Законот за работните односи е дефинирано дека „работниот однос е договорен однос меѓу работникот и работодавецот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавецот….“. Од ова следува дека доброволноста е основен принцип на работните односи и дека секаков друг однос би претставувал повреда на законот. Законот за работните односи не вклучува дополнителни одредби кои забрануваат експлоатација на трудот. Механизми за контрола трговците со луѓе кај возрасните користат механизми како неисплаќање на платите, прекумерни часови на работа, немање пристап до медицинска заштита, до личните документи.
Да ја препознаеме трудовата експлоатација и да ја пријавиме секоја злоупотреба!
И апел до работодавачите да се корегираат - да ги препознаат сопствените права и обвсрки, а вработените да не ги третираат како робови!

Трудовата експлоатација подразбира присвојување и експлоатација на туѓ труд од страна на сопствениците на средствата за производство, а жртви можат да бидат луѓе од сите возрасти и социјални групи. Некои од најчестите форми на трудова експлоатација се: повреда на работничките права, трговија со луѓе со цел трудова експлоатација и детски труд.
Иако најчесто жртви на трудова експлоатација се работоспособни мажи експлоaтирани во градежната индустрија, во сезонски земјоделски работи за берење овошје или во фабрики, има и случаи на жени кои доживеале трудова експлоатација како домашна помош, нега и чување на деца, во текстилната индустрија... Станува збор за работни места на кои претежно се работи нелегално, без договор и работна дозвола, за парични надоместоци далеку под договорените, без да се почитуваат договореното работно време и другите услови за работа, а може да има и понижување и казнување на работниците.
************************
Новинари за човекови права во рамки на проектот „Подигање на глас за невидливата работна сила“ кој е дел од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој е во рамките на иницијативата за соработка на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција, сака да ги потсети државните органи и сите релевантни чинители да не ги занемаруваат проблемите со лошите услови за работа и кршењето на правата на работниците во земјата и во странство, бидејќи ваквите ситуации може да ја поттикнат трговијата со луѓе заради трудова експлоатација.

Трудовата експлоатација подразбира присвојување и експлоатација на туѓ труд од страна на сопствениците на средствата за производство, а жртви можат да бидат луѓе од сите возрасти и социјални групи.
Да ја препознаеме трудовата експлоатација и да ја пријавиме секоја злоупотреба!
Работодавачите да ги препознаат сопствените права и обврски, а вработените да не ги третираат како робови!
Секој вработен мора да биде пријавен во согласност со законите за работни односи, мора да добива плата и сите бенифиции кои му следуваат според закон...

Новинари за човекови права во наредните шест месеци ќе го имплементира проектот насловен „Подигање на глас за невидливата работна сила“ во рамките на проектот: „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој е во рамките на иницијативата за соработка на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција.

Хоризонталeн инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal facilities II) 2019-2022 г.

GoPetition respects your privacy.

The Секој има право на достоинствена работа, вработените не се робови! petition to detstvo@detstvo.org.mk was written by Natasa Dokovska and is in the category Employment at GoPetition.