#City & Town Planning
Target:
до: Град Скопје
Region:
Macedonia, Republic of
Website:
facebook

Станува збор за голема површина зад Македонска филхармонија и меѓу Даут Пашин Амам, Македонска опера и балет и плоштадот Скендер бег. Порано оваа парцела беше обрасната со трева, а сега, откако стана див паркинг е раскопана, полна со дупки и вода по секој дожд и со кал на сите страни. Гледаме дека Градоначалникот Шилегов наместо енергично да се зафати со разубавување на градот, тој досега апсолутно ништо не прави во тој правец. Затоа еве ние ќе го потсетиме што треба да работи!

Со оваа ПЕТИЦИЈА се молат сите Скопјани на кои Скопје им значи и сакаат градот да не ни биде селска паланка да ја потпишат оваа петиција со која ќе го натераме градоначалникот на Град Скопје да го уреди/претвори просторот позади Филхармонија во „ Парк на уметноста“. Овој простор моментално е едно големо ругло со кал и дупки, див паркинг за коли и пасиште за животни! Со оваа ПЕТИЦИЈА бараме итно и неодложно градоначалникот да ни го реши овој проблем и овој простор час поскоро да стане еден прекрасен Парк на Уметноста во кој Скопјани ќе можат преку цела година да уживаат во амбиентот и звуците на класичната музика!

GoPetition respects your privacy.

The ИЗГРАДБА НА ПАРК НА УМЕТНОСТА ПОЗАДИ ЗГРАДАТА НА МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА! petition to до: Град Скопје was written by Andrea Aleksovski and is in the category City & Town Planning at GoPetition.